Почитувани,
Со осебна благодарност сакаме да истакнеме дека Системот 48 повторно функционира на ниво како што очекуваме,со зголемен број на пријави од граѓаните.Ние како тим ,посветено ги процесираме овие пријави и ги проследуваме до надлежните служби,со цел истите да бидат решани во најкраток можен рок.Со оваа ви го проследуваме годишниот извештај за Систем 48 во кој се содржани сите анализи и постигнувања поврзани со неговото функционирање.Извештајот ја отсликува посветеноста на тимот и успешната соработка со надлежните служби,со цел навремено и ефикасно решавање на пријавите на граѓаните.
Во периодот Јануари – Декември 2024 год., во Систем 48 имаме пријавено вкупно 1191 пријави, од кои решени и одговорени се 1119 пријави. Останатите 72 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа . Најголем број од пријавите доставени до Систем 48,најмногу пријави се од областа на улично осветлување -853, од областа на собирање смет -149, водовод и канализација -99,паркови и зеленило -65 , улици,патишта и тротоари –25 . Со овој извештај би сакале уште еднаш да апелираме до граѓаните за навремено пријавување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848 и на моб.тел.076/484-848, за да можеме навремено да интервенираме и вооедно да ги решаваме пријавите доставени до Систем 48. Истовремено им благодариме на сите граѓани на Општина Струмица за користење на Систем 48.
Со почит,
Систем 48.