Денеска во домот на АРМ се одржа завршниот дел од поддршката на Старт-ап бизниси за млади, како дел од Програмата за активности на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот. По само неколку месеци од Јавниот повик, беа валоризирани најдобрите бизнис планови на идните млади претприемачи, а градоначалникот Костадин Костадинов им ги врачи ваучерите на младите луѓе со најдобри бизнис планови во вредност од по 60.000 денари.
Целта на оваа активност на општина Струмица, како и на самиот Јавен повик, беше поттикнување и охрабрување на младите невработени лица од општина Струмица да се вклучат во процесот за да изградат соодветни лични капацитети за развивање на своите бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови со кои ќе може да започнат свои бизниси. Тоа исовремено значи и добивање можност за користење на општинска финансиска поддршка, но и оспособување за аплицирање и користење на мерките на Владата на Република Северна Македонија, рече градоначалникот Костадинов.
На денешниот завршен настан му претходеше објавување на Јавен повик, двомесечна соодветна експертска обука за пријавените кандидати и претставување на бизнис плановите пред стручна комисија.