Градоначалникот на општина Струмица Петар Јанков на „Празијада“ во Градашорци

Градоначалникот на општина Струмица Петар Јанков на „Празијада“ во Градашорци

Градоначалникот на општина Струмица Петар Јанков, почитувајќи ги традициите, потенцијалите и придобивките од нашето богато струмичко поднебје, присуствуваше на традиционалната манифестација „Празијада“ којашто се одржа во селото Градашорци, општина Василево.

Домаќините, организаторите, но и посетителите, со своето присуство ги почести и Премиерот Христијан Мицкоски, потврдувајќи ја својата лична и владина поддршка на македонското земјоделско производство.

„Празијадата“ традиционално го обединува струмичкиот регион и ги промовира нашите земјоделски производи.