Градоначалникот на општина Струмица Петар Јанков е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион Градоначалникот на општина Струмица

Градоначалникот на општина Струмица Петар Јанков е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион Градоначалникот на општина Струмица

Градоначалникот Петар Јанков, е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. Изборот беше извршен на денешната седница на Советот на која присуствуваа останатите градоначалници од регионот, директорот и претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Градоначалникот Петар Јанков преземајќи ја функцијата Претседател на Советот, се заблагодари за довербата и најави дека во периодот кој следува сите заедно ќе работат на регионални проекти за подобар и поквалитетен живот и во руралните средини и во градските средини во Југоисточниот плански регион.