Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, оствари средба со претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Шродер, заменик-шеф на политичкиот сектор и Кристина Димовска, претставничка на одделот за евроинтеграции.
На средбата се разговараше за извештајот на Европската Комисија за Македонија, односно за Пакетот за проширување на ЕУ за 2025 година, а се разгледуваа и можностите за проширување на соработката преку зајакнување на институционалната транспарентност, намалување на корупцијата и дигитализацијата на јавните услуги, како области од клучно значење за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.


