Детската имагинација во боја – отворена изложба инспирирана од Струмички карневал

Детската имагинација во боја – отворена изложба инспирирана од Струмички карневал
Карневалските празнувања продолжија и денеска потврдувајќи ја и љубовта на најмладите и нивната креативност во создавањето на ликовни дела инспирирана од оваа вековна традиција.
Во Домот на АРМ денеска беше отворена изложбата на детски творби на тема „Карневалот – танц на бојата и радоста“ преку кои беше пренесена карневалската магија каква што ја доживуваат децата.

Изложбата ја организираа Организациониот одбор на струмичкиот карневал и Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“.