Набавка на еко електрични автобуси и поставување на модерни смарт постројки, поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта и соларен катастар, ова се трите приоритетни проектни иницијативи за буџетската 2023 години. Тие добија најмногу бодови од вкупно предложените 9 проектни иницијативи од страна на граѓаните од урбаните и месните заедници, претставниците на невладиниот и бизнис секторот на годинашниот Буџетски форум во општина Струмица 2022/2023 година, кој синоќа заврши со одржувањето на втората сесија во големата сала на Домот на АРМ.
Проектната иницијатива за набавка на еко електрични автобуси и поставување на модерни смарт постројки од учесниците на форумот доби 85 поени, поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта 80 и 62 поени иницијативата за соларен катастар. Со одржувањето на овој форум, градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица уште еднаш на дело ја потврдија транспарентноста и отчетноста во своето работење преку актвното вклучување на граѓаните во креирањето на општинскиот буџет.