ЗАПИСНИК
за извршена административна селекција на кандидати за член на Надзорен Одбор на ЈПЕД ,,Струмица ГАС,, Струмица
На ден 26.06.2023 година, согласно член 5 став 5 од Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, образците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (Службен Весник на РСМ бр.283/2022), Комисијата за селекција оддржа состанок на кој се изврши административна селекција на единствениот кандидат кој продолжува во наредната фаза од постапката на селекција за член на Надзорниот Одбор.
Комисијата одлучи дека во наредната фаза од постапката на селекцијата продолжува подолу наведениот кандидат со следните вкалкулирани и пресметани бодови согласно член 5 став 1, 2, 3 и 4 од Правилникот:
-
За член на Надзорен Одбор постапката ја продолжува следниот кандидат:
-
Славјана Михаиловиќ – 38 бода – кандидат за член со работно искуство од областа на финансиското работење
Со тоа Комисијата за селекција, одлучи дека во понатамошна фаза од Јавниот Повик т.е. Административната селекција продолжува погоре наведениот кандидат.
Датум: Комисија за селекција:
26.06.2023 год.
1. Александар Оџаков – претседател
2. Љупка Цикарска – член
3. Ристе Тупаров – зам.член