Општина Струмица ја потврдува транспарентноста, отчетноста и партнерскиот однос во својот развој. Од синоќа на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, започнаа овогодишните јавни собири на граѓаните во урбаните и месните заедници на коишто со претставници на општинската администрација и јавните општински претпријатија се разговара за актуелните состојби и предлагање на приоритетни проекти за реализација во новата буџетска 2025 година.
Јавните собири започнаа од населените места Вељуса, Водоча и Баница, а вечерва ќе продолжат во населените места Сачево, Дабиле и Градско Балдовци.