Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу главните актери во економијата. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот и помага на земјата во нејзините напори за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на користите и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба.
Целосната информација може да ја видите на следниов линк.