Синоќа, во Младинскиот центар се одржа свечен настан на кој градоначалникот Петар Јанков им ги додели стипендиите на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта, како и од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“.
Избор на најдобрите:
Изборот се изврши од пријавените ученици на Јавниот повик објавен на 05.12.2025 година за доделување на:
- 23 стипендии за редовни ученици од средните училишта
- 28 стипендии за редовни ученици од основните училишта
Процесот беше спроведен согласно Правилникот за доделување стипендии на редовни ученици од основните и средните училишта во општина Струмица. Највисоко рангираните кандидати добија решение за стипендија.
Вредност на стипендиите:
- Учениците од средните училишта ќе добиваат по 2.500 денари месечно, во период од девет месеци (учебната 2025/2026 година).
- Учениците од основните училишта ќе добиваат по 2.000 денари месечно, за истиот период.
Дополнителни стипендии:
Покрај стипендиите доделени од општина Струмица, Фондацијата „Нова Генерација“ додели:
- 10 стипендии за ученици од средните училишта
- 13 стипендии за ученици од основните училишта
Сите стипендии се во ист износ како оние од општината.



