Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од претстојниот празничен викенд (24 и 25.05.2020 година), телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење, каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.
Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности. Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозвожи непречено движење во наведените денови, со цел извршување на тековни земјоделски активности.
Телефон за контакт во Општинскиот штаб за заштита и спасување Струмица: 034 336 120