Во рамките на проектот ,,Обука на учениците и наставниот кадар од основните училишта за правилно селектирање на отпад и чување на постоечката опрема за селектирање во училиштата” кој е финансиран преку буџетот на општина Струмица и Програмата за заштита на животната средина на територија на општина Струмица, под менторство (консултант/едукатор) Митко Шопов со координација со наставниците по биологија од сите основни училишта беа успешно спроведени работилници каде учениците заедно со своите наставници зедоа активно учество и ги надоградија своите знаења за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за селекција во училиштето и пошироко во општината. Секој ученик имаше можност сам да го открие видот и типот на отпад, како би се обучиле за правилно ракување и за негово отстранување.
Учениците активно учествуваа во дискусија за рециклирање, а преку интерактивни вежби успешно го реализираа рециклирањето. На секој од нив им беше доделен отпад, а нивна задача беше да ја пронајдат бојата на кантата за отпад и соодветната ознака за негово фрлање.