На 48-та седница на Советот на Општина Струмица донесена одлука за изградба на Митрополија на Струмичката епархија на местото на Стариот суд

На 48-та седница на Советот на Општина Струмица донесена одлука за изградба на Митрополија на Струмичката епархија на местото на Стариот суд
На местото на зградата на Стариот суд којашто е во руинирана состојба, ќе се гради Митрополија на Струмичката епархија, ваква одлука денеска едногласно беше донесена од членовите на Советот на Општина Струмица на 48 – та седница. Предлог – одлуката за давање на трајно користење на објект на МПЦ – Струмичка Православна епархија пред советниците ја образложи градоначалникот Костадин Костадинов.
-Ова навистина е важен момент за Струмица и важен момент за одлуките на Советот којшто верувам во духот на единството и во духот на поддршката на вистинските вредности коишто ги негува и штити Струмица, а ќе биде нескромно да не се спомне под силната закрила на Православната црква, а особено на Струмичката епархија, но мора да признаеме дека сме една од ретките Општини, една од ретките епархии коишто немаат своја Митрополија и тоа мораме да го корегираме. За таа цел одлучивме Стариот суд за кој што од страна на Општината се обезбедени заштитно-конзерваторски извештаи, изготвен е проект, изготвена е пресметка и за рушење и за градење на Митрополијата и би сакал со нив да ги запознаам и советниците и граѓаните. Потребните средства за рушење би биле 1.404.962 денари, а за изградба на Митрополијата 31.257.631 денар согласно пресметките. Убеден сум дека Струмичката епархија заедно со силна поддршка на општина Струмица и заедно со многу одговорни компании ќе успееат да го реализираат она што навистина го заслужуваат верниците од општина Струмица. Имаше многу предлози што да биде, како да биде, но сметам дека ова е вистинскиот начин. Верувам во носење на единствена одлука и упатувам порака на единство кога станува збор за нешто што значи вредност, рече градоначалникот Костадинов.
На денешната седница беа усвоени и предлог одлуките за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на карневалските празнувања И за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2025 година, предлог-Програмите за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Струмица во 2025 година и за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2025 година, како и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.
На дневен ред беа, а советниците усвоија и повеќе предлог – одлуки, барања и измени од делокругот на општинските јавни претпријатија „Комуналец“, „Струмица- Гас“, „Стационар – Лана“, „Паркиралишта – Струмица“ и „Струмица – Транспорт“, ООУ „Сандо Масев“ и градинката „Детска радост“ за 2025 година.
Се усвоија и предлог – одлуките за утврдување приоритет на проекти за изградба на станбена улица „Боро Поцков“ дел од станбена улица „Ристо Клепов“ во урбан блок 20 и за реконструкција и изградба на сервисна улица број 1 во леснаиндустриска зона урбан блок 15, а за двајца граѓани на општина Струмица беше усвоена одлуката за доделување на парична помош.