Градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски, денеска, извршија увид во градежните работи на новата градинка којашто се гради на просторот во поранешната градинка којашто се гради по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со недостиг на сместувачки капацитети. Градоначалникот Јаневски информираше дека објектот ќе има приземје и кат со вкупна корисна површина од 2.653 метри квадратни со капацитет за 300 деца и со него и со претходно реализираните активности за реконструкција и проширување на постоечките капацитети и двете нови градинки во населените места Куклиш и Муртино се решава проблемот со сместувачките капацитети на децата од предучилишна возраст.