Општина Струмица ги исплати субвенциите за потрошен природен гас

Општина Струмица  ги исплати субвенциите за потрошен природен гас

Општина Струмица ги известува граѓаните коишто се приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа дека денеска ги исплати субвенциите за потрошен природен гас за периодот април – септември оваа година.

Со исплатата се опфатени вкупно 160 домаќинства од Струмица.

Субвенционирањето на цената за физички лица е во износ од 10,00 денари од Nm3 потрошен прирoден гас.