Општина Струмица на врвот во борбата против родово базирано насилство

Општина Струмица на врвот во борбата против родово базирано насилство

Градоначалникот Костадин Костадинов со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и советници, денеска го посетија Советувалиштето за жртви на семејно насилство и родово базирано насилство. Ова Советувалиште е во партнерство со Асоцијалцијата ХЕРА, Здружението на граѓани Скај Плус и Општина Струмица.

 

ЛИНК ВИДЕО

Советувалиштето ќе овозможи целосно психо – социјална поддршка на жртвите, како што е излегување од насилна средина, закрепнување, социјализација и се разбира нивни нов почеток. Како човек, и како градоначалник кој е против секакво можно насилство, иако давам максимална поддршка, лично, посакувам ова Советувалиште да има што помалку работа, а тоа ќе значи и помалку жртви на семејно насилство.Наместо семејства во насилство, посакувам семејства со разбирање, компромиси, почитување, особено во семејства во коишто има деца, тие треба да растат во здрава, стабилна и среќна семејна заедница, рече градоначалникот Костадинов.