Заменик градоначалничката на Општина Струмица, Елена Маѓеровска Паликарова, се обрати на меѓународниот вебинар „Intro to City-Led Prevention: Multi-Actor Prevention“, организиран од Strong Cities Network, каде ја претстави успешната и иновативна работа на Струмица во полето на локалната превенција.
Во нејзиниот говор, Маѓеровска Паликарова нагласи дека Локалниот совет за превенција е вистински пример за ефикасна соработка меѓу општината, полицијата, училиштата, родителите, бизнис заедницата и невладиниот сектор – тело кое редовно функционира, носи конкретни мерки и резултати. Спроведени се активности за:
Заштита на младите од ризици поврзани со алкохол и небезбедно учество во сообраќајот,
Превенција од пожари и безбедност во угостителски објекти,
Хумано справување со бездомни кучиња,
Спречување на вандализам и уништување на јавен имот.
„Кога институциите соработуваат отворено и одговорно, превенцијата не е само цел, туку реалност.“ – порача таа, нагласувајќи дека дијалогот е клучот кон побезбедни заедници.
Настанот собра претставници од Јужна Азија и Западен Балкан и претставуваше можност за размена на искуства и градење нови партнерства.
Општина Струмица на меѓународен вебинар за превенција
