Општина Струмица ја започна 2025 година со радост: Ѓоргина Стојчева од Моноспитово стана мајка на близнаци, првите новороденчиња во Струмица за оваа година

Општина Струмица ја започна 2025 година со радост: Ѓоргина Стојчева од Моноспитово стана мајка на близнаци, првите новороденчиња во Струмица за оваа година
Општина Струмица ја започна новата година со голема радост. Мајката Ѓоргина Стојчева од Моноспитово стана горда мајка на близнаци, две машки деца, кои се првите новороденчиња во Струмица за оваа година.
Во знак на поддршка, Општина Струмица им додели на семејството Стојчева штедна книшка од 40.000 денари.
Честитки на Ѓоргина и на нејзиното семејство за оваа пресреќна новогодишна радост!