Општинската администрација и граѓаните на Струмица и денеска ја потврдија својата хуманост

Општинската администрација и граѓаните на Струмица и денеска ја потврдија својата хуманост

Успешно заврши денешната крводарителска акција со вработените во општина Струмица и граѓаните коишто сакаа да ја даруваат оваа драгоцена течност којашто спасува човечки животи.

Во акцијата којашто се реализираше во просториите на Младинскиот центар во општинската зграда, крв даруваа 45 вработени во општинската администрација и граѓани.

Оваа крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвен крст Струмица, а во соработка со Службата за Трансфузиона медицина и општина Струмица се одржа по повод 11 декември – Денот на заштитниците на Струмица Св.15 Тивериополски свештеномаченици.