Во периодот јануари – јуни 2025 година пријавени се вкупно 578 пријави, од кои решени и одговорени се 498 пријави. Останатите 80 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа . Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во првите шест месеци од оваа година се од областа на уличното осветлување 384, од областа на собирање смет 84, водовод и канализација 61, паркови и зеленило 32, улици, патишта и тротоари 17.
Овој извештај ја отсликува посветеноста на тимот и успешната соработка со надлежните служби, со цел навремено и ефикасно решавање на пријавите на граѓаните.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните да го користат овој сервис за проблемите со коишто се соочуваат и навремено да пријавуваат на бесплатниот телефонски број 080014848 и мобилниот телефонски број 076484848, за да може навремено да се интервенира до надлежните служби и да се постапи по пријавите.