Совет на општина Струмица
Бр.08 – 357/1
18.01.2024 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на триесет и третата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 26.01.2024 година (петок).
Триесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата го предлагам следниот:
Д н е в е н р е д
1.Предлог – План за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2024/2025 година;
2.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.7779 во КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр.6398/1 во КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП бр.6.3.I од ДУП за Блок број 3 и 5, Општина Струмица;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Славица Бусева од Струмица;
- Годишен план за вработување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2024 година;
- Барање на согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места согласно годишниот план за вработување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2024 година;
- Предлог – Решение за именување членови и вд членови во Управниот одбор на ЈП„Паркиралишта“ Струмица; ( материјалот ќе биде дополнително доставен).
10.Предлог – Решение за именување членови и вд членови во Надзорниот одбор на ЈП„Паркиралишта“Струмица; ( материјалот ќе биде дополнително доставен).
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица;
- Предлог – Решение за дополнување на Решението за именување на членови во Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Струмица;
13.Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник на Општина Струмица во Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица;
14.Годишен Извештај за работа на Локален совет за превенција на Општина Струмица за 2023 година;
- Патоказ за еко паметна Општина – Општина Струмица;
16.Известување за отсуство од три седници по ред на член на Советот на општина Струмица;
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски