Решение за свикување на триесетата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на триесетата седница  на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
Бр.08 – 9362/1
    08.11.2023 год.
    С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на триесеттата седница  на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.11.2023 година (среда).
Триесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.
I За работа на седницата предлагам:
II Усвојување на записникот од 28-та седница на Советот на општина Струмица
Д н е в е н   р е д
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2023 година;
2. Предлог- План на програмите за развој за 2024 година;
3. Предлог – Програма за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2023/2024 година во зимски услови;
4. Предлог  –  Одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
5. Предлог – Одлука за определување локација за поставување спомен обележје – спомен плоча на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи;
6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за усогласување на намената за КП бр. 6515/5, 6515/17 и дел од 6516/5 КО Струмица;
7. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на градежна парцела на ГП37-2, за Блок 37, Општина Струмица;
8. Предлог  –  Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за управен одбор и надзорен одбор на ЈП „Паркиралишта“ Струмица;
9. Предлог – Јавен повик за избор на членови на Управен одбор на ЈП ,,Паркиралишта“ Струмица;
10. Предлог – Јавен повик за избор на членови на Надзорен одбор за материјално-финансиско работење на ЈП ,,Паркиралишта“ Струмица;
11. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Комисија за селекција на кандидати за управен одбор и надзорен одбор на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
12. Предлог – Решение за предлагање член во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица;
13. Предлог – Решение за именување на членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Општина Струмица;
14. Програма за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2024 година;
15. Извештај за работата на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
16. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта“ Струмица за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
17. Измена на Годишен план за вработување на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2024 година.
                                                                      Совет на општина Струмица
     Претсeдател,
           Марjан Даскаловски