Совет на општина Струмица
Бр.08 – 8964/1
20.10.2023 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на дваесет и деветата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.10.2023 година (петок).
Дваесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за работа со облиците на месна самоуправа во 2023 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за заштита од штетно дејство на водите во 2023 година;
- Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2023 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на социјалната и детската заштита во 2023 година;
- Физибилити студија за поставување и одржување на кровни фотоволтаици на објекти во сопственост на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Миле Мукановски од с.Куклиш;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за ставање во мирување на подрачното училиште во с.Попчево при ООУ„Маршал Тито“ Струмица;
- Предлог – Одлука за прифаќање на донација на електрични возила за превоз;
- Предлог – Одлука за прифаќање на донација на полначи за електрични возила;
- Предлог – Одлука за формирање на Партиципативно тело од областа на урбанизмот на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за избор на претставници – членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на општина Струмица;
- Предлог – Деловник за работа на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр. 3461 КО Банско;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП47.5.I, во Блок 3 и 5, Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за поделба на ГП 4.3, УБ 4, во Струмица;
- Предлог – Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на полуподземни контејнери на ЈПКД „Комуналец“- Струмица;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на цените на услугите за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад на подрачјето на Општина Струмица;
- Ценовник за вршење на работи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во 2023 година;
- Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта“ Струмица за 2023 година;
- Програма за измена на Програмата за работа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица за 2023 година;
- Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица;
- Анекс на Годишната програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за учебната 2023/2024 година.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски