Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на дваесет и третата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 30.05.2023 година (вторник).
Дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
Усвојување на записникот од 22-та седница на Советот на општина Струмица
Д н е в е н р е д
1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2023 година;
2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2023 година;
3. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2023 година;
4. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на социјалната и детската заштита во 2023 година;
5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2023 година;
6. Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
7. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2023 година;
8. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2023 година;
9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2023 година;
10. Предлог – Програма за измена на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
11. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за работа со облиците на месна самоуправа во 2023 година;
12. Предлог – Програма за измена на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2023 година;
13. Предлог – Програма за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
14. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година;
15. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за еднакви можности на Општина Струмица за 2023 година;
16. Предлог – Одлука за утврдување на промена на режимот на сообраќај на крстосница од ул.„Младинска“, ул.„Братство Единство“ и ул.„24-ти Октомври“ во Општина Струмица;
17. Предлог – Одлука за утврдување на приоритетен проект за изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на Основен проект за улиците “Ристо Клепов”, улица “Боро Поцков” во урбан опфат на Блок 20 и улица “Сервисна улица” од деталниот урбанистички план за дел од Блок 16 и дел од блок 15, УЕ2, КО Струмица – Oпштина Струмица;
18. Предлог – Одлука за учество на Општина Струмица по проект за „Е-полначи за електрични возила: Техничка документација“;
19. Предлог – Одлука за отстапување на патничко моторно возило на Фондација „ЕЛЕУСА“ Струмица;
20. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на ЈПЗБК Стационар „ЛАНА“ Струмица;
21. Предлог – Одлука за предефинирано мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини во Општина Струмица;
22. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Татјана Пандева од с. Дабиље;
23. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ѓорге Милев од Струмица;
24. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош на Ице Трајков од Струмица;
25. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош на Данче Трајкова од с.Баница;
26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.2/1, КО Попчево вон-град;
27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на 1629/1 во КО Габрово;
28. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација – на ГП1.3-12, од УПВНМ повеќенаменска индустриска зона КО Сачево и КО Градско Балдовци, Општина Струмица;
29. Предлог – Решение за разрешување на член и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
30. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈПЕД ,,Струмица- Гас“ Струмица;
31. Предлог – Решение за именување на членови на Надзорниот одбор на ЈПЕД ,,Струмица- Гас“ Струмица;
32. Предлог – Решение за именување на вршител на должност член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
33. Предлог – Јавен повик за избор на член на Надзорен одбор на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
34. Предлог – Јавен повик за избор на членoви на Управен одбор на Jавното сообраќајно претпријатие „Струмица – Транспорт“ Струмица;
35. Предлог – Јавен повик за избор на членoви на Надзорен одбор на Jавното сообраќајно претпријатие „Струмица – Транспорт“ Струмица;
36. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за управен одбор и надзорен одбор на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица;
37. Одлука за избор на членови на Локален младински совет на општина Струмица;
38. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица;
39. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица;
40. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Маршал Тито“ Струмица;
41. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Сандо Масев“ Струмица;
42. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш;
43. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино;
44. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиле;
45. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Герас Цунев“ Просениково;
46. Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса;
47. Годишен план за вработување за 2024 година на ООМУ „Боро Џони“ Струмица.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски