Решение за свикување на единаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на единаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-4650/1, 15.06.2022

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на единаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам единаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 22.06.2022 година (среда).
Единаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 14,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записниците од 9 и 10 седница на Советот на општина Струмица

II

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправни објекти сопственост на МПЦ –ОА-Струмичка Православна Епархија;
2. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ице Трајков од Струмица;
3. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
4. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 23 и дел од Блок 24, У.Е.9 по ГУП за град Струмица, Општина Струмица (Плански период 2019-2024 година);
5. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 30 У.Е.7, Општина Струмица (Плански период 2016-2026 година)
6. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт план за измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 19, (Урбан Блок 32 УЕ 3, по ГУП на град Струмица, со плански период 2020-2025);
7. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт план за измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 5, УЕ 2, Општина Струмица, со плански период 2022-2027 година;
8. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП бр.1.1-1 согласно АУП на КП бр.373/3, КО Гр.Балдовци Општина Струмица;
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.502, КО Просениково;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.518, КО Просениково-вонград;
11. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година;
12. Предлог – Правилник за финансиска поддршка за деца со надмината возраст во една наставна година;
13. Предлог – Правилник за доделување на стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Струмица за една наставна година;
14. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈПКД „Комуналец – Струмица” Струмица за 2022 година;
15. Барање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец” Струмица за 2022 година; и
16. Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај на дел од ул. „Братство Единство“ во град Струмица.

Напомена: Точка 16 ќе се разгледува доколку во меѓувреме се добие согласност од СВР Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски