Решение за свикување на педесет и втората седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на педесет и втората седница  на  Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 4605/1
    20.06.2025 год.
    С т р у м и ц а

               Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на педесет и втората седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам педесет и втората седница на Советот на општина Струмица за ден 27.06.2025 година (петок).

               Педесет и втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Верификационата комисија;
  2. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања;
  3. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за статут и прописи;
  4. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата;
  5. Предлог – Одлука за поставување на спомен обележје – биста на Ѓорги Ѓоргиев и трагично загинатите жртви од пожарот во Кочани;
  6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од кофинансирање на проекти во рамките на јавни повици организирани преку РеЛОад3 проектот финансиран од УНДП;
  7. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Анкица Танева од Струмица;
  8. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ленче Гонева од с.Добрејци;
  9. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Тереза Панова од Струмица;
  10. Предлог-Одлука за давање на времено користење на објект на Алпинистички клуб СКАЛА Струмица
  11. Предлог-Одлука за давање на времено користење на на општинско фудбалско игралиште на ФК АП БРЕРА Струмица;
  12. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  13. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите помеѓу ГП 30.24 и ГП 30.25, дел од Блок 30 во Струмица, Општина Струмица;
  14. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите помеѓу дефинираните градежни парцели на КП 3543 и КП 3538 КО Струмица;
  15. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички Проект со план за парцелација за поделба на ГП 36-4 ( УБ 36 ) во Струмица;
  16. Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица;
  17. Годишен план за вработување за 2026 година на СОУ „Јане Сандански“ Струмица;
  18. Годишен план за вработување за 2026 година на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица;
  19. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица;
  20. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица;
  21. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Маршал Тито“ Струмица;
  22. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Сандо Масев“ Струмица;
  23. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш;
  24. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино;
  25. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиле;
  26. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Герас Цунев“ Просениково;
  27. Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса;
  28. Годишен план за вработување за 2026 година на ООМУ „Боро Џони“ Струмица.

 

 

 

 

                                                                      Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
        Марjан Даскаловски