Решение за свикување на педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 5603/1
    31.07.2025 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на педесет и четвртата седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 07.08.2025 година (четврток).

               Педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
  2. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  3. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на  Кпбр. 183/1 во КО Раборци;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.27/1 КО Три Води;
  6. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП18, ГП4.19, ГП4.20,и ГП4.21, од ДУП за Блок 19, Општина Струмица;
  7. Предлог – Решение за избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;
  8. Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  9. Предлог –  Одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈПЕД ,,Струмица – Гас“ Струмица;
  10. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
  11. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2026 година;
  12. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица за 2026 година;
  13. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2026 година.

 

 

                                                                            Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
        Марjан Даскаловски