Совет на општина Струмица
Бр.08 – 8545/1
27.11.2025 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на третата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам третата седница на Советот на општина Струмица за ден 04.12.2025 година (четврток).
Третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 2-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Струмица;
- Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Горан Алиќ од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Христина Атанасова од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Анче Туфекчиева од Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите помеѓу дефинираните градежни парцели на КП 4342/1 и делови од КП 4340, КП 4341 и КП 4342/2, КО Струмица, општина Струмица со намена А1- куќи за домување со најмногу 4 станбени единици, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за поделба на ГП 17/1.32.2 и промена на границите на ГП 17/1.32.2, ГП17/1.62 и ГП17/1.63 (дел од УБ17/1 Струмица) со намена Г2- Индустриски згради од лесна преработувачки индустрија, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 -куќи во состав на селски стопански двор на КП бр.4006, КО Куклиш, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежни парцели на КП бр.3878, 3877/1, 3877/2, 3881, 3882, КО Струмица) со намена А1 – куќи за домување со најмногу 4 станбени единици, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за поделба на градежна парцела на КП 194,КП 196 КО ВОДОЧА и КП 5109 и КП 5103 КО ВЕЉУСА ВОН ГРАД формирана со Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 -површински соларни и фотоволтаични електрани, Општина Струмица;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршители на должност членови на Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршители на должност членови на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување на членови и именување на вршители на должност членови на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица;
- Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
- Решение за разрешување и именување на членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Општина Струмица;
- Решение за разрешување и именување на претседател и членови на Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи;
- Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за период од 01.01.2025 до 30.09.2025 година;
- Извештај за работата со финансиски извештај на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година;
- Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година;
- Извештај за работењето со финансиски извештај на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година;
- Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2026 година.
Напомена: Материјалот по точка 3 ќе ви биде доставен дополнително до денот на одржување на Комисијата за финансии, буџет и локален економски развој.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Никола Маџунков

