Совет на општина Струмица
Бр.08 – 4737/1
08.07.2024 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на триесет и деветтата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.07.2024 година (понеделник).
Триесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
I
За работата на седницата го предлагам следниот:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Томислав Нефтенов од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Благој Калпачки од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Јане Стоилов од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Живко Димчев од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Миле Ѓорѓиев од Струмица;
- Предлог – Одлука за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2024 година;
- Ценовник за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица – ГАС“ Струмица за 2024 година;
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски