Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и втората на Советот на општина Струмица за ден 25.12.2020 година ( петок).
Четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот :
Дневен ред
- Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2021 година;
- Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2021 година;
- Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
- Предлог -Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2021 година;
- Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
- Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2021 година;
- Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2021 година;
- Предлог-Програма за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2021 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2021 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2021 година;
- Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2021 година;
- Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2021 година во Општина Струмица;
- Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година;
- Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2021 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2020 година;
- Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2021 годинa;
- Предлог – Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Струмица од сите ризици и опасности за 2021 година;
- Предлог – Одлука за донесување на Социјален план на Општина Струмица (2021-2024)
- Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправни помошни објекти на црква „Св. вмч. Димитриј“ Костурино;
- Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај со поставување на безбедносни огради и заштитни столбчиња на одделни локации во град Струмица;
- Предлог-Одлука измена на Одлуката за одобрување трансвер на финансиски средства на ЈПЕД “Струмица-гас“ Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за изградба на пристапен пат до Регионалниот стационар за бездомни кучињa;
- Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
- Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
- Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2021 година;
- Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2021 година;
- Извештај за 2020 година и Програма за Струмичкиот карневал – 2021 година;
- Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” за 2021 година;
- Извештај за работа на ЈПЕД “Струмица-гас” Струмица за 1-9 месец 2020 година;
- Програма за работа на ЈПЕД „Струмица –гас” за 2021 година;
- Извештај за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 1-9 месец 2020 година;
- Програма за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7953/2 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3140 КО Куклиш;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1/1 КО Банско вон- Г.Р.;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 6391/51 и КП бр.6391/108 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2807 КО Вељуса; и
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 5224 КО Вељуса.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски