Решение за свикување на четириесет и втората седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на четириесет и втората седница  на  Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 6932/1
    26.09.2024 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и втората седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица за ден 03.10.2024 година (четврток).

               Четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

               За работа на седницата предлагам:

 

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
  2. Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за недонесување  на  Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
  3. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
  4. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГПбр.9 и ГП бр.10, согласно ДУП на град Струмица, Блок бр.33-2, Општина Струмица;
  5. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП49.5.I-1, и ГП49.5.I-2, од ДУП за Блок 3 и 5, општина Струмица;
  6. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП56.5.I, и ГП57.5.I, од ДУП за Блок 3 и 5, општина Струмица;
  7. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП21.14 кон ГП21.13 и ГП21.15, дел од УБ21, во Струмица;
  8. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 38-51 од ДУП за Блок 38, Општина Струмица;
  9. Предлог – Програма за  дополнување  на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
  10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.59 во КО Три Води;
  11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.129 КО Добрејци;
  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на  КП бр.7930 КО Струмица;
  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр.6398/1 во КО Струмица;
  14. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Рушид Ахмедов од Струмица;
  15. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Грозданка Варизелева од с.Водоча;
  16. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Менекше Мустафова од с.Банско;
  17. Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  18. Барање на согласност за обезбедени финансиски средства за Измена на Годишен план за вработување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2024 година;
  19. Барање на согласност за обезбедени финансиски средства за Годишен план за вработување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2025 година;
  20. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за воспитна 2023/2024 година;
  21. Програма за работа на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за воспитна 2024/2025 година;
  22. Барање согласност за прием на поголем број на деца во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица.

 

 

                                                                          Совет на општина Струмица
         Претсeдател,
           Марjан Даскаловски