Решение за свикување на четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 313/1, 21.01.2021 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и третата на Советот на општина Струмица за ден 28 .01.2021 година (четврток).
Четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записниците од 41 и 42 седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н р е д

1. Предлог – План за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2021/2022 година;
2. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на Општина Струмица во 2021 година;
3. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Здружение на граѓани „ОБНОВА ГЛОБАЛ“ Струмица;
4. Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за велосипедскa патекa во град Струмица;
5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4528 КО Куклиш;
6. Информација за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за 2020 година;
7. Извештај за работа на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2020 година;
8. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта“ Струмица;
9. Ценовник за приклучување на корисници на дистрибутивната мрежа, на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2021 година;
10. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2021 година;
11. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2021 година;
12. Одлука на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за нефактурирање закупнина и нефактурирање комунални услуги на опожарени објекти во ТЦ „Глобал“ Струмица;
13. Одлука на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за ослободување од плаќање на економските оператори за уништување на опожарената стока од пожарот во ТЦ „Глобал“ на депонијата „Шапкар“ кај Добрашинци; и
14. Одлука на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за пристапување кон Здружение на сопственици на дуќани и деловни простории во ТЦ „Глобал“ Струмица.

Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски