Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 25 .06.2020 година (четврток).
Триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам :
I
Усвојување на записникот од 35 седница на Советот на општина Струмица
II
Дневен ред
- Предлог –Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Дорјан;
- Предлог –Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Радовиш;
- Предлог –Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Гевгелија;
- Предлог – Одлука за прифаќање иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка за решевање на проблемот со бездомните животни; и
- Предлог – Одлука за донесување на Оперативен план со методологија и правилник за ставање во функција на повеќенаменски социјален центар и НВО – центар во Општина Струмица.
Претседател,
Марјан Даскаловски