Советот на општина Струмица денеска ја одржа 53-та седница на којашто беа усвоени повеќе предлог одлуки, програми и решенија, а на дневен ред беа и советнички прашања.
Советниците ја усвоија одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2025 година, а со тоа и програмите за измена на програмите од областа на културата, за уредување на градежното земјиште, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, во областа на заштитата на животната средина, за одржување на јавно зеленило и програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2025 година.
На денешната седница беа усвоени и предлог одлуката за утврдување на режим на сообраќај за средства за смирување, забавување на сообраќајот на улицата „Ѓорѓи Трајков“ пред ООМУ „Боро Џони“, во населеното место Просениково пред ООУ „Герас Цунев“ и во Добрејци на потегот од КП 2402 до КП 2352, предлог решението со кое Софија Гарванлиева Митева е именувана за член во Управниот одбор на ДСУ – Регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ Струмица, а за двајца граѓани на Струмица беше донесена одлука за доделување на парична помош.
Зелено светло доби и извештајот од проценката на штетите од невремето на 29 мај 2022 година, а во рамките на советничките прашања се дискутираше за надлежностите и функционирањето на депонијата Шапкар кај Добрашинци.