Синоќа во Младинскиот центар беше одржан првиот концерт од проектот – Фестивал „Подиум Ад Астра“

Синоќа во Младинскиот центар беше одржан првиот концерт од проектот – Фестивал „Подиум Ад Астра“
Во организација на Здружението „Камерата Ад Астра“, синоќа во Младинскиот центар беше одржан првиот концерт од проектот – Фестивал „Подиум Ад Астра“, во рамките на кој ќе бидат одржани повеќе музички настани во текот на месец ноември.
Фестивалот за отворен го прогласи Танкица Митрева член на Советот на општина Струмица. Поздравувајќи ги организаторите, учесниците и присутните од името на градоначалникот Костадин Костадинов, Митрева во своето обраќање истакна: „Музиката е една голема вистина која му дава душа на универзумот , крила на умот и мечтата и смисла на човековото живеење. Без музика, животот би бил една голема грешка, една голема празнина, една голема нула“. Така би изгледала една плетенка од мудрости кои зборуваат за значењето на музичката уметност. Сигурно сите ќе се сложиме дека животот без музика навистина би бил една бескрајна празнина. Но, за среќа музиката постои да не оплеменува и да ни го прави животот вреден за живеење“. Паликарова потенцираше дека Општина Струмица е секогаш овде да поддржи такви убави настани во иднина, како што го поддржува и ова прво издание на Фестивалот „Подиум Ад Астра“.
По свеченото отворање љубителите на музичката уметност имаа можност да уживаат во концертот на Александра Кировска, дипломиран гитарист на класична гитара.