Денес Советот на општина Струмица ја одржа петнаесеттата седница, на која струмичките советници расправаа и одлучуваа по 25 точки од дневниот ред. На седницата беа усвоени повеќе предлог одлуки, од кои најголемиот дел, од областа на урбанизмот. Покрај тоа, советниците дадоа „зелено светло“ и на предлог програмите за дополнување на Програмите: за уредување на градежно земјиште, за изградба , реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, како и за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година.
Меѓу другото, беше изгласан и предлог-Правилникот за измена на Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната општинска награда „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.
На седницата присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов, кој, со бројни дискусии, ја збогати работата на истата.