Советот на општина Струмица денеска ја одржа третата седница на која беше донесен заклучок за одобрување на предлог – планот на Програмите за развој за 2022 година кој ги содржи сите капитални програми од кои најголем дел се повеќегодишни, а кои даваат јасна претстава во кој правец ќе се движи развојот на Општината.
Зелено светло од советниците добија предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2021 година, за престанок на времено и давање на трајно користење на спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица, предлог- програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2021/2022 година, предлог – програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година, извештајот за работата на ОИК Струмица за оранизација и спроведување на Локалните избори на 17 октомври 2021 година, за периодот август – октомври 2021 година, предлог – одлуката за определување на висината на надоместокот и начинот на исплата на изборните органи ангажирани за Локалните избори 2021 година на подрачјето на Општинска изборна комисија, како и извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ од I – IX месец 2021 година и програмата за работа на општинска установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2022 година. На седницата беа донесени одлуки за доделување парична помош на Тинка Тилева и Емилија Шопова од Струмица и повеќе одлуки од областа на урбанизмот.