Денеска се одржа 39-та седница на Советот на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2020 година. На седницата беа усвоени и предлог-програмите за измени и дополнувања на Програмите во областа на локалниот економски развој и туризмот, за уредување на градежното земјиште, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, за одржување на јавната чистота и јавно зеленило, за активности во областа на заштитата на животната средина, културата,
образованието, спорт и млади, во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи, за изработка на урбанистички планови и располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Струмица. Донесена е одлука за ослободување од надоместок за престој на корисниците во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за периодот април/август 2020 година. Советниците усвоија и повеќе предлог-одлуки кои се однесуваат на работата на јавните претпријатија „Струмица гас“, „Паркиралишта Струмица“ и ЈПКД „Комуналец“, како и извештаите за работа во учебната 2019/2020 година и предлог – програмите за работа во учебната 2020/2021 година на трите средни општински училишта.