Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, беше домаќин на амбасадорот на Руската федерација во Република Северна Македонија, Н.Е г. Сергеј Баздникин. Општина Струмица и Амбасадата на Руската федерација негуваат долги пријателски односи, а од 2013 година, Струмица е збратимена со градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација и воспоставена соработка во повеќе области.
На средбата се разговараше за досегашната соработка и се разгледуваа можностите за продлабочување на истата, што впрочем е заедничка желба и цел, а во интерес на двата народа. Струмица е отворена Општина за соработка, размена на искуства и добри практики кои ќе го унапредат нејзиниот развој и ќе обезбедат поквалитетен живот на граѓаните.