Ставена првата плоча на новиот ученички дом

Ставена првата плоча на новиот ученички дом

Градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, соработниците и раководството на СОУ „Димитар Влахов“ извршија увид во градежните активности на новиот ученички дом кое што е негово предизборно ветување. Денеска на овој објект се ставаше првата плоча на површина од над 900 метри квадратни.

-Станува збор за сериозна општинска инвестиција од близу 100 милиони денари и овој проект е особено важен за учениците коишто доаѓаат од страна и престојуваат во Струмица. Капацитетот е за 98 ученици со сопствена кујна, многу важно е да кажам дека ќе има адаптирани соби за лица со телесен инвалидитет што дополнително оди во прилог на она признание што го добивме за најуспешна општина во спроведување на инклузија во Македонија и секако со таа динамика продолжуваме понатаму уште попосветено да работиме за образованието. Сакам да кажам дека третманот што го добиваме од Министерството за финансии, а преку Министерството за образование е некоректен кон училиштето, учениците и цела Струмица. „Димитар Влахов“ како едно најуспешните училишта во Република Македонија ако ланската година имало 19 милиони денари блок дотација за материјални трошоци, оваа година има 7 милиони што е за близу 65 проценти намален буџет за материјални трошоци. Како мисли власта на ВМРО ДПМНЕ да се одржува со 7 милиони денари едно такво здание како што е „Димитар Влахов“?

Упатувам сериозна порака, свестете се, земете да си ја работите работата, правете ги финасиските прогнози согласно потребите на училиштата, општините и граѓаните. Ова вака не може и не треба да продолжи, рече градоначалникот Костадинов.