Струмица го одбележува меморијалниот маратон во чест на Борис Трајковски

Струмица го одбележува меморијалниот маратон во чест на Борис Трајковски

ПК „Ентузијаст“ од Струмица по 21-ви пат го организира традиционалниот Меморијален планинарски маратон (трансверзала) „Борис Трајковски“, во чест на трагично загинатиот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Меморијалниот маратон ќе се реализира низ пет етапи, негувајќи ги вредностите на заедништвото, планинарството и сеќавањето на ликот и делото на претседателот Трајковски.