Денеска официјално се отвори Ритеил Паркот „Симбол“ – значајна, стратешка инвестиција со која Струмица добива нова урбана зона која ќе придонесе кон зголемена динамика на локалната економија и ќе го зајакне профилот на градот како регионален трговски и економски центар.
Ритеил Парк „Симбол“ се простира на површина од 25.000 квадратни метри и претставува модерен комплекс кој обединува голем број трговци и брендови, угостителски објекти и содржини за рекреација со нови 250 работни места.
На свеченото отворање се обрати градоначалникот Костадин Костадинов кој потенцираше дека секоја нова инвестиција во општината значи можност за работа, за соработка, за раст, а Ритeил Парк „Симбол“ го носи сето тоа и повеќе.
-Овој „Симбол“ е доказ што сè може да се постигне кога ќе се спојат визија, одлучност и локални вредности. КИТ-Го Кланица Ладилник демонстрираа дека инвестирањето дома – во својата земја, во своите луѓе – создава долгорочна вредност и заедничка добивка. Довербата во Струмица и во нејзиниот потенцијал е вредна за почит и инспирација. Со новиот ритеил парк, денес одбележуваме уште еден чекор напред во трансформацијата на Струмица – во модерен, економски витален и европски ориентиран град. Им благодарам од срце, рече градоначалникот Костадинов.