На 20 декември 2024 година, Општина Струмица, Република Северна Македонија, и Општина Буча, град Измир, Република Турција, потпишаа Протокол за меѓусебно разбирање и намера за збратимување, во насока на продлабочување на пријателските односи и зајакнување на соработката помеѓу двете општини.
Со овој Протокол, кој влегува во сила веднаш по потпишувањето, двете општини се обврзуваат на заедничка работа во следните области:
- Продлабочување на билатералните односи во согласност со законските прописи на двете држави.
- Поттикнување на економската соработка и нови можности за инвестиции.
- Активно учество во меѓународни културни и уметнички активности.
- Развој на програми за младинска размена и соработка помеѓу младите генерации.
За успешна имплементација на оваа соработка, ќе бидат назначени координатори од двете општини, кои ќе ја зголемат ефикасноста на меѓусебната комуникација и партнерство. Протоколот ќе се обновува на секои пет години, во зависност од потребите на двете општини.
Протоколот беше потпишан од Ѓоркем Думан, Градоначалник на Општина Буча, и Елена Маѓеровска Паликарова, Заменик Градоначалник на Општина Струмица.