Струмица одбележа ја одбележа 81-та годишнина од убиството на Благој Јанков Мучето

Струмица одбележа ја одбележа 81-та годишнина од убиството на Благој Јанков Мучето
На денешен ден 1944 година згасна животот на еден голем струмички и македонски родољуб, на еден голем човек кој со својот животен пат и идеолошки ангажмани избори високо место во нашата историја – народниот херој Благој Јанков Мучето. По тој повод со пригодна програма денеска пред неговата спомен биста во малиот градски парк беше одбележана 81-та годишнина од неговото убиство. За неговиот живот и дело пред присутните зборуваше Ице Беличев, член на Советот на општина Струмица, кој меѓу другото рече:
„Благој Јанков – Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот времеплов, личноста која ја заслужува должната почит на секој оној кој ги љуби минатото, сегашноста и иднината на својот роден град, на секој оној кој искрено ја сака Струмица. Токму поради тoa повторно се собравме за да ја одбележиме 81-годишнината од денот на неговото загинување, но и да се потсетиме, кој беше Благој Јанков и за каква идеја се бореше и го положи својот живот. И до ден денес, но и за вечни времиња, останува да се каже дека Народниот херој Благој Јанков Мучето, беше, е, и ќе биде наша струмичка гордост. И затоа во мое, во Ваше име и во името на цела Струмица, бескрајно му благодарам за се што направи за овој град и за сите поранешни, сегашни и идни генерации струмичани“.
Свежо цвеќе пред бистата на Мучето положија членови на неговото семејство, претставници на општина Струмица, Општинската организација на Сојузот на борците од Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија од Струмица и граѓани поддржувачи, институции и политички партии, а стихови рецитираа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“.