Општина Струмица и Евангелско – Методистичката црква, на струмичани им приредија интересен настан со којшто ја збогатија предновогодишната атмосфера.
Во нивна организација во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ беше изведена музичко – сценската претстава „Божиќно Чудо“ во којашто настапи интернационална група на студенти – волонтери од повеќе европски држави.
Од името на општина Струмица, учесниците и посетителите ги поздрави Мила Велкова член на Советот, нагласувајќи дека овој исклучителен настан, потврдува дека добрата мисла и вербата во трајните вредности ги бришат сите граници и бариери меѓу луѓето.
Преку овој мјузикл се испратени силни пораки за радост и среќа во сите домови во пресрет на новогодишно – божиќните празници.


