СООУД „Димитар Влахов“ по трет пат беше домаќин на интернационалниот натпревар (Хакатон) – „NASA Space Apps Challenge“ со поддршка на Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов.
На натпреварот учествуваа учесници од повеќe градови кои во рок од 48 часа се натпреварува во решавање на проблеми поврзани со вселената и планетата Земја.
Искуствата од натпреварот и задоволството од постигнатите резултати, членовите на тимот од ова училиште денеска ги споделија на средбата со Танкица Митрева член на Советот и претставници на Одделението за образование на општина Струмица.
Благодарение на тимот од СООУД „Димитар Влахов“ Општина Струмица е една од 200-те Наса Спејс апс челенџ локации од целиот свет.