Учеството на Општина Струмица на карневалот во Општина Разлог, Бугарија

Учеството на Општина Струмица на карневалот во Општина Разлог, Бугарија

Викендов, од 17 до 19 јануари, Општина Струмица преку Струмичкиот карневал имаше честа да учествува на карневалот во Општина Разлог, Република Бугарија. Нашата општина беше претставена со две атрактивни маски, кои ги носеа карневалските групи „Мулен Руж“ и „Струма“.

Со својот уникатен кореографски настап и впечатлива костимографија, струмичките карневалисти ја пленеа публиката на Плоштадот „Преображение“, која ги пречека и поддржа со громогласен аплауз. Ова учество е уште еден доказ за длабокото пријателство меѓу Општина Струмица и Општина Разлог, и ја потврдува посветеноста на двете општини за натамошна соработка.

Со оваа можност, се надеваме на продолжување на успешните и креативни заеднички иницијативи помеѓу нашите општини во иднина.