Уште едно признание за Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов.

Уште едно признание за Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов.
Уште едно признание за Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов.
Денес во Скопје, во организација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, започна дводневната Меѓународната научно-стручна конференција „75 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост во Република Северна Македонија“, на која присуствуваше и заменик градоначалничката на општина Струмица Елена Маѓеровска Паликарова.
Поздравувајќи ги организаторите и учесниците на конференцијата, Паликарова во своето обраќање пред присутните меѓу другото истакна: „Горда сум што доаѓам од Општината за која, без лажна скромност, можам да кажам дека со години го држи приматот во грижата за лицата со попречености, и во континуитет таа грижа ја негува и надградува. Струмица пред речиси две децении ги сруши бариерите на предрасудите, отворајќи ги ширум портите на инклузијата, поведувајќи ги на тој начин и останатите општини да размислуваат и дејствуваат во вистинска насока, следејќи го добриот пример на нашата општина“. Во своето обраќање Паликарова потсети на сите активности кои се реализирани во последните години, а се во функција на инклузивноста на лицата со попреченост.
Во рамките на конференцијата, заменичката Елена Маѓеровска Паликарова во името на градоначалникот Костадин Костадинов и во името на Општина Струмица, прими признание од организаторите, како една од трите најинклузивни општини во државата.