Почитувани граѓани од христијанска вероисповед, Поради пандемијата од Ковид – 19, за првпат го дочекуваме големиот празник Водици без традиционалното фрлање на крстот во осветени води во градот и населените места. Но и без тоа, срцата и душите нека ви бидат исполнети, бидејќи празникот е голем и вреден за празнување, затоа што во него треба да го спознаете крштевањето како духовно раѓање, но и почеток на човековото живеење во верата. Среќно и весело нека ви биде славењето на Денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан од Св. Јован Крстител, затоа што крштевањето е една од светите тајни на христијанството. Нека Ви е за многу години празнувањето, со желба за здравје, живот, среќа, спокој и благосостојба. Честито и вековито Богојавление!